Дека патот до ѕвездите е навистина трнлив и непредвидлив сведочи и животниот пат на Фатиме Гаши (22), мис на Манчестер за 2018 година. Родена е во бегалски камп во Македонија, откако нејзините родители го напуштиле Косово поради воените конфликти пред нешто повеќе од 20 години. Имала само две години кога нејзините родители, заедно со уште 100-тина други бегалци од Косово заминале за Велика Британија. Тоа сѐ уште не било крај на проблемите за семејството Гаши.
Кога имала 8 години, Фатиме заради големо воспаление на кожата завршила на интензивна нега. Лекарите ги подготвувале нејзините родители за најлошото, но девојчето закрепнало. Сега е студент по медицина и планира да специјализира дерматологија. Во трката за најубава девојка на Манчестер се нашла сосема случајно, поттикната од нејзините родители кои ја советувале да најде малку забава по напорната испитна сесија.