Сопругата на пејачот Роби Вилијамс, Аида Филд, за празникот Свети Валентајн, на Инстаграм објави среќна вес дека станаа родители по четврти пат, пренесоа светските агенции. Тие добија син кој му го дадоа името Бенедикт Ентовен,
„Пронајдете ја разликата … На овој ден на вљубените сакаме да ја славиме љубовта на најневеројатен начин … Богатството на Бенедикт Ентовен Вилијамс“, напиша Аида под фотографијата.
Таа додаде дека момчето е нивно биолошко дете, но го носела сурогат мајка. Третото дете, исто така се носи на овој начин.
Среќните родители се венчаа во 2010 година, а имаа три деца, Теодора седум години, Чарлтон пет години и 14 месечната Колет која исто така ја добија со сурогат мајка.