Роберт Саздов сведочел на првото суење на колегата од „Куку леле“, Сашо Каимовски – Панки. Роберт морал пред грчкиот суд во Солун, да докажува дека е познат пејач во Македонија.
“ Морав да однесам насловни страници, да покажам телевизиски емисии, гостувања и што ли уште не, бидејќи само спотовите од „Јутјуб“ не можеле да помогнат во одбраната на Панки“, рекол Роберѕ во телефонскиот разговор со екипата на „Ексклузив“.
Инаку, пред десетина дена Панки беше уапсен на граничниот премин Евзони поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.