Роберт де Ниро е еден од најпопуларните и најуспешните актери кој има одиграно голем број улоги во култни продукции.
Познатиот актер и оскаровец е познат и по интригантниот љубовен живот. Роберт де Ниро има шест деца од браковите и врските. Со својата прва сопруга Дијана Абот ја доби ќерката Дрина и синот Рафаел.
Во 1995 година, тој ги имаше близнаците Џулијан и Арон со неговата поранешна девојка, модел и актерка Туки Смит.
Со својата поранешна сопруга Грејс Хатавеј, актерот ги има синот Елиот и ќерката Хелен.
„Им велам на моите деца дека ако сакаат да бидат актери или сакаат да го прават ова или она, тоа е во ред се додека се среќни. Само да не се продадат по ниту една цена. Направете малку дополнителен напор и посегнете по она што навистина мислите дека сакате да го направите. Не плашете се. Важно е да го пронајдете својот пат“, изјави Де Ниро во едно интервју.
Дрина Де Ниро е родена во 1971 година. Таа е ќерка на првата сопруга на славниот актер, Дајан Абот, која ја добила со својот поранешен сопруг со кој била во брак пред Де Ниро. Актерот ја посвоил кога тој и Дајан се венчале, а Дрина тогаш го зела неговото презиме.
Со оглед на тоа што Дрина е ќерка на актерска двојка, растењето го поминала на филмски сетови и на бројни патувања, од каде ги има најубавите спомени. Самата таа, покрај нејзините популарни родители, се одлучила за јавниот живот и почнала да се занимава со манекенство.
Рафаел Де Ниро е роден во 1976 година во семејството на Роберт Де Ниро и неговата сопруга Дајан Абот. Кариерата ја изградил во недвижнини. Според медиумите, Рафаел од почетокот на 2000-тите работел со брокерска куќа, а во 2004 година го започнал „Де Ниро Тим“ со компанија за недвижнини.
Откако се разведе од Дајан Абот, Роберт де Ниро започна врска со актерката Туки Смит во 1988 година, а седум години подоцна ги добија близнаците, Хулијан Хенри и Арон.
Хулијан од родителите наследил талент за глума, па од 2016 година бил дел од актерската екипа на филмот „Неизвесна битка“.
Арон Де Ниро е брат близнак на Хулијан, но за разлика од неговиот брат, тој одлучи да не се занимава со глума и јавна работа, па малку се знае за него.
Елиот Де Ниро е роден во 1998 година. Познатиот актер го доби Елиот во брак со колешката Грејс Хатавеј. Во 2016 година, Де Ниро откри дека неговиот син Елиот боледува од аутизам.
Хелен Грејс Де Ниро е родена во 2011 година. Роберт и Грејс неа ја добија преку сурогат мајка. Поранешните сопружници се обидоа да ја држат својата ќерка подалеку од очите на јавноста.
Роберт де Ниро и Грејс Хатавеј се разведоа во 2018 година по повеќе од 20 години заеднички живот.