Роберт Де Ниро на посебен начин го прослави својот 81 роденден. Тој скокна од јахта во морето и покажа дека годините не му претставуваат голем проблем.
Неговата ќерка Дрена Де Ниро го сподели видеото на Инстаграм.
Дрена по повод роденденот објави и неколку фотографии.
Некои го прикажуваат како скока во морето, додека други го прикажуваат Де Ниро во младоста.
„Среќен роденден на најдобриот актер на светот“, „Тој е најсилен, честитки“, „Преслатки сте“, се само дел од коментарите под видеото.
На 79-годишна возраст, Де Ниро го дочека седмото дете со неговата 35 години помлада партнерка Тифани Чен. Актерот еднаш изјави дека ужива да биде татко, но дека искуството е поинакво од она со неговите постари деца и внуци.
„Сè е различно. Не зборувам со возрасните деца како што зборувам со моето бебе или со 11-годишната ќерка, иако таа е прилично паметна“, рече тој.