Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали (82) повторно стана татко. За Кавали ова е шесто дете, а синот го доби со 45 години помладата шведска манекенка Сандра Нилсон.
Кавали и Сандра се во врска од 2014 година, но сега го проширија семејството со уште еден член, кого го нарекоа Џорџо, според таткото на Кавали.
„Детето, кое се роди пред една недела во Фиренца, е здраво и убаво и кога го видов ме обзедоа емоции. Му го дадовме името Џорџо, по татко ми, кој беше убиен од нацистите за време на масакрот во Кавриља, кога имав само четири години“, рече Кавали.
Италијанскиот моден маг има две деца, Томасо и Кристина, од првата сопруга Силванела Џанони, со која беше во брак од 1964 до 1974 година. Потоа, тој ги има Роберт, Рејчел и Даниеле од вториот брак со Ева Марија Диренер, а сега има шесто дете, со 38-годишната поранешна шведска манекенка и зајачица на Плејбој.