Пејачката од Барбадос, Ријана, на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира со бебето на нејзината најдобра другарка и асистентка Џенифер Росален. Имено, таа ја посети набрзо откако го роди своето второ момче, Џатус Џошуа Дејвис.
Во пораката на Инстаграм, Ријана напиша:
“Толку сум многу благодарна што бев присутна на твоето доаѓање на овој свет. Тетка ти веќе многу те сака. Честитки до семејството Дејвис, Џен која ова дело го направи да изгледа лесно и на Арон кој е одличен татко“, напиша под фотографијата.
Инаку, Ријана последниве две години е вљубена во саудискиот милијардер Хасан Џамел.