Се очекува во текот на овој месец Ријана (34) да се породи и на свет да го донесе своето прво дете, но тоа што е во веќе поодмината фаза од бременоста не ја спречува во јавност да излегува во кратко мрежесто здолниште и мрежест кроп-топ.
Во саботата по повод Денот на мајките Ријана беше забележана од папараците додека беше излезена со нејзиното момче Ејсап Роки во Санта Моника.
Ријана и Ејсап беа на вечера со раперот Џорџо Балди, а повторно во прв план беа нејзиниот труднички стомак и големата црна линија карактеристична за бремените жени.
Ријана во оваа прилика одлучи да облече модел од модната куќа Miu Miu од нивната колекција за есен/зима 2022 година.