Американскaта пејачка Ријана го тужи својот татко, Роналд Фенти, за користење на нејзиниот бренд Фенти во комерцијални цели.
Според неа тој терал луѓе да веруваат дека Ријана има врска со неговата компанија, бидејќи го користел името на брендот, што таа го афирмираше.
Пејачката всушност е родена како Робин Ријана Фенти, па логично е нејзиниот татко да одлучил така да ја именува компанијата. Тужбата се однесува на нејзиниот татко и неговиот деловен партнер, кои се обиделе да ги лажат инвеститорите за вклучување на поп-ѕвездата во бизнисот.