Ријана за прв пат се појави во јавноста по породувањето и уште еднаш докажа колку е екстравагантна кога е модниот стил во прашање.
Ријана дошла да му даде поддршка на своето момче, а папараците ги уловиле во берберница во лондонската населба Кристал Палас, пред неговиот настап на фестивалот. Многумина чекале да видат како изгледа Ријана по породувањето, но пејачката буквално се камуфлирала во огромна јакна, пишуваат медиумите.
Она што сите го забележале биле пердувестите очила кои Ријана ги носела. Шик изданието го комплетирала со сребрено ланче и обетки, но нејзиниот необичен моден стил бил привлечен за многу корисници на социјалните мрежи.
Познатата пејачка за време на бременоста предизвика бура во јавноста и поделени мислења. Повод за коментирање беше нејзиното облекување, за кое многумина сметаа дека е непримерно за трудница.