Мегапопуларниот актер, 75 годишниот Ричард Гир и неговата 34 години помлада сопруга Алехандра Силва неодамна го продадоа својот дом, пишуваат американските медиуми и наскоро ќе станат жители на Европа.
Холивудската ѕвезда решил да се откаже од својот огромен ранч во Конектикат.
Според медиумите филмскиот заводник веќе го продал својот луксузен ранч за 10,75 милиони долари, дознава „Mansion Global“.
Сега Ричард и Алехандра одлучиле заедно со синовите Александар (5) и Џејмс (4) животот во Конектикат и САД, да го заменат со живот во Европа, во Шпанија, Мадрид, од каде всушност потекнува неговата сопруга.
Својата преселба во Европа, Гир ја најави во интервјуто што го даде за шпанското издание на магазинот „Венити фер“.