Рита Ора беше една од главните ѕвезди на гала вечерата организирана од британското издание на Vogue во Лондон, пред сѐ благодарение на нејзиниот предизвикувачки „гол фустан“.
Познатата пејачка често избира фустани за црвениот тепих кои малку кријат, а покажа дека и овојпат му остана верна на проѕирниот тренд.
Имено, 32-годишната девојка привлече многу погледи во целосно проѕирен црн фустан без градник. Фустанот, припиен до кожа имаше црни цветови кои стратешки ги сокриваа нејзините гради, додека гаќичките јасно се гледаа низ проѕирната ткаенина, а дел од нејзиното лице беше покриено со парче проѕирна ткаенина.
Ова е само еден од многуте „голи фустани“ кои Рита Ора ги носи во последно време. Неодамна, за да прослави 10 години од својата музичка кариера, таа носеше креација на познатиот француски дизајнер Виктор Вајнсант. Тоа беше парче од неговата колекција есен/зима 2022 година.