Леонардо ди Каприо синоќа го прославил својот 49 роденден и за таа прилика на својата роденденска забава поканил бројни познати личности од светот на модата, глумата, шоубизнисот.
Меѓу поканетите била и славната пејачка со албанско потекло, Рита Ора, која кај ди Каприо се појавила со својот 16 години постар сопруг, режисерот и актер Ваитити.
Ниту овојпат не можела да одолее да го привлече вниманието на папарацо фотографите и јавноста. Таа се појавила во најкраткиот фустан на светот и воопшто не ѝ било гајле за тоа. Парот модно се усогласил со оглед на тоа што и двајцата биле облечени во црно од глава до пети.
Рита Ора одлучила да носи краток, црн фустан којшто секоја жена го има во гардероберот, но не било каков. Овој бил екстремно краток, толку многу што се гледала нејзината црна долна облека, додека корсетот имал слична „улога“, да ги истакне нејзините гради.
Најелегантни од целата модна комбинација бил долгиот, црн капут од плиш и сатен, но и црните салонки.
Нејзиниот сопруг одлучил да носи полежерна модна комбинација, односно раскопчана кошула и лежерни црни панталони.