Последните денови Рим се соочува со наезда на диви свињи. Тие се на секој чекор – во парковите, на улици, 0булевари, околу училиштата. За Римјаните тоа е веќе вообачена слика, а дури станаа и политичко прашање пред локалните избори.
„Каква слика за Рим праќаме со дивите свињи, кои се шетаат по паркови“, рече еден од жителите.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги, верува дека проблемот ги надминува капацитетите на главниот град на Италија и дека државата треба да превземе одговорност.
Неодамна демонстрираа и фармерите, чии ниви ги уништија диви свињи.
„Состојбата е надвор од контрола. На територијата на Италија живеат 2,3 милиони диви свињи и со ништо не се спречува растот на тој број“, истакна Еторе Прандини, претседателот на синдикатот на фармери од регионот на Рим.
Дивите свињи се заштитени со закон во Италија и нивниот лов е лимитиран.