Рики Мартин вчера соопшти дека тој и неговиот сопруг, уметникот Џуан Јосеф (35) го добиле четвртото дете, синот Рен.
„Се роди нашиот син Рен Мартин-Јосеф“, напиша пејачот под фотографијата на која со Џуан позираат со синот.
Инаку, Рики и Џуан кои почнаа да се забавуваат во 2016 година, а неодамна официјално стапија во брак, веќе ги имаат близнаците Матео и Валентино (11) и десетмесечната Лусија. Минатиот месец, 47-годишниот пејач најави дека со Џуан го очекуваат четвртото дете, од сурогат мајка.