Раперката Saweetie се појавила на забавата по доделувањето на Оскарите во фустан со „ризично“ деколте во кое пред собраните луѓе случајно ги покажала голите гради.
Американската раперка во подем, 28-гдината Дијамонте Киава Валентин Харпер, попозната по уметничкото име Saweetie, свеченото доделување на Оскарите го следела во избрано друштво, а потоа присуствувала на забавата која секоја година традиционално ја организира легендарниот музичар Елтон Џон.
Популарната раперка за таа прилика облекла фустан чиј горен дел бил составен само од неколку ленти материјал и кои одвај го држеле раскошното деколте, но тоа не било нејзиното најразголено издание вечерта.
За забавата по доделувањето на Оскарите која ја организирал Џеј Зи, таа се појавила со деколте до папокот, со кое открила и повеќе од очекуваното.
Инаку, раперката истиот фустан го носела на свечената вечер на магазинот „Vanity Fair“, трет настан на кој се појавила истата вечер.