Експертите кои ја следеа ефикасноста на вакцината на Pfizer/BioNTech открија дека ризикот од инфекција со Ковид-19 се зголемува со текот на времето од втората доза.
Студијата ја поддржува потребата од дополнителни дози за да се спречи луѓето со ослабен имунолошки систем да се заразат со Ковид, според тимот што ги објави своите наоди во научното списание British Medical Journal (BMJ).
Експертите од Институтот за здравствени услуги Леумит во Израел открија постепено зголемување на ризикот од инфекција со Ковид-19 по 90-от ден откако луѓето примиле втора доза на Pfizer/BioNTech.
Израел беше една од првите земји кои во декември 2020. година започнале голема кампања за вакцинација против Ковид-19, но се бори со повторниот пораст на инфекции и внимателно го следи слабеењето на имунитетот.
Експертите ги прегледале електронските здравствени досиеја на 80.057 возрасни (средна возраст 44 години) кои имале PCR тест помеѓу средината на мај и септември најмалку три недели по втората доза на вакцината.
Ниту еден од луѓето од примерокот немал знаци на претходна инфекција со Ковид-19.
Од 80.057 лица, 7.973 (9,6 проценти) имале позитивен резултат од тестот. Тие потоа беа спарени со луѓе од иста возраст и етничка група кои беа негативни во истата недела.
Студијата покажала дека стапката на позитивни резултати се зголемува со текот на времето од примањето на втората доза.