Ракометарот Филип Кузмановски реши да стави крај на ергенскиот живот. Тој ја побара за жена неговата девојка Моника. Станува збор за велешанката Моника Игнова, која патем е прва братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.
Македонскиот репрезентативец и велешанката во врска се повеќе од една година. Тој ја запроси Моника пред своите најблиски. Таа рече „ДА“ и на тој начин во одлично расположение нашиот лев бек ќе може да се подготвува за новата натпреварувачка сезона.
Кузмановски професионалната кариера ќе ја продолжи во редовите на бундеслигашкиот клуб Магдебург. Досега ги бранеше беше член на Еурофарм Работник, Металург и Пелистер.