Ретки се моментите кога Северина Којиќ не е средена од глава до петици. Без разлика што поради сценските настапи мора секогаш да биде скоцкана, хрватската пејачка и самата сака да се дотерува, и не крие дека ги прати модните трендови.
Сепак, кога ќе се изгаснат рефлекторите, Севе сака да се одмори од тешката шминка. Но, таа и во куќно издание изгледа беспрекорно.
Пријателката на Северина, Анѓа Мариќ на својот Инстраграм се пофали со својата другарка која е во природно издание.
https://www.instagram.com/p/Bu6YsN3gBJk/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
– Се сретнавме во школо,- напиша Анѓа.
Без шминка, со распуштена коса и опуштена модна комбинација, Северина изгледа еднакво заводливо исто кога е и совршено облечена.