Холивудската глумица Џенифер Анистон објави фотографии на Инстаграм на кои позира без шминка и фризура Џенифер моментално е на Хаваи, каде со Адам Сендлер го снима продолжението на филмот Murder Mystery и покажа како и изгледа косата додека времето е влажно.
„Во ред, влажност… Одиме“, напиша актерката со фотографии од кадрава, бујна коса, а се гледа дека на нејзиното лице нема ни трошка шминка. На фотографиите таа е завиткана во крпа.
На следбениците им се допадна нејзиниот природен изглед.
„Да, природни локни“, „Искрено, многу ми се допаѓа“, „Фантастична“, „Убава си“, „Косата ми изгледа идентично кога е влажно време“, напишале нејзините придружници. Многумина се потсетија на сцените од серијата „Пријатели“ кога тимот беше на Барбадос, а косата на Моника изгледаше бујно и кадрава поради влагата.