Една од најубавите жени на светот јужноафриканската глумица, Шарлиз Терон папараците ја “уловија“ за време на шапинг.
Облечена во лежерно издание, во спортска јакна, хеланки, патики и капче, и нормално со заштитна маска и ракавици, непрепознатливат Шарлиз Терон трпеливо чекала на редот во еден супермаркет на Беверли Хилс.
Според фотографиите славната оскаровка направила добар шопинг за подолго време, бидејќи количката и беше до врв преполнета.
Инаку, 44 годишната глумица е самохрана мајка на две деца, а лани изјави дека не може да најде партнер бидејќи мажите ѝ се плашат. Нејзината фондација издвои милион долари за борба против коронавирусот.