Легендата на народната музика, Лепа Лукиќ откри дека напишала тестамент, како и дека целото богатство што го стекнала во текот на нејзината 50-годишна кариера ќе му го препише на својот внук Радисав.
Тој ќе добие, ресторан, два стана, куќа и целата заштеда на Лепа, но под услов, да се грижи за мачката Маза.
“Напишав тестамент во кој наведов мојот внук од брат да се грижи за мачката Маза ако умрам пред неа. Мојот внук Радисав треба да ја чува, негува, гали Маза и ќе наследи се што сум стекнал во мојот живот. Сето тоа е напишано во мојот тестамент кој го чува адвокат – изјавила Лепа која мачката ја чува веќе девет години.
-Тоа е чудо од мачка, ја гледам како свое дете. Затоа морав да се грижам за неа и да знам дека ќе биде добро кога ќе отидам на оној свет. Од 2019 година живееме како мајка и ќерка – рече пејачката и откри дека со Маза разговара како со човек.