Најголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ ги изненади до посета денеска фудбалските репрезентативци на Македонија, на тренингот во комплексот на ФФМ, пред претстојниот меч задутре со Полска на Националната Арена „Тоше Проески“.
Чолиќ, кој има закажано концерт на најголемиот стадион во земјава после двата евроквалификациски мечеви претпласнево дојде на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ и фудбалската селекција му врачи дрес со бројот – десет.