Ѕвездата на Би-Би-Си, Хари Лоу, беше на задача да зборува за силен дожд и поплави во предградието на Лондон во понеделникот вечерта, кога наводно неговиот ранец бил украден од крадец.
Прв пат во кариерата синоќа – ми ја украдоа чантата среде нашиот пренос во живо“, напиша тој на X покрај објавениот клип. На почетокот на снимањето, Лоу дава информации за времето, по што следи претходно снимено интервју што го направил со млад локален жител.
Кога камерата се вратила на улицата, настанала неколку секунди тишина, а репортерот изгледал дека забележал дека нешто не е во ред, а Лоу подоцна открил дека токму тогаш крадецот побегнал со неговата торба.
Репортерот ја задржа присебноста и мирно си ја извршуваше својата работа, а многумина ја пофалија неговата реакција, вклучувајќи ја и неговата колешка Холи Клеменс, која напиша: “О, Хари!! Ти си апсолутен професионалец. Сепак, тоа е ужасно, жал ми е што се случи”.
Кражбата не е забележана со камера, а Лоу не открил што имало во украдениот ранец, ниту пак откри дали крадецот бил уапсен.
https://twitter.com/i/status/1719266539357028387