Бразилската инфлуенсерка и телевизиска репортерка Лигија Фазио (40) починала по компликациите кои настанале во текот на зафатот за подигнување на задникот на кој се подложила.
Операцијата ја извршил маж кој се претставил како медицински брат. Лигија била хоспитализирана на почетокот на мај откако во задникот и беа вбризгувани индустриски силикон и полиметилметакрилат (материјалот од кој се направени тврди леќи).
Таа била на одделението за интензивна нега четири недели пред да и се влоши состојбата, а странските медиуми пишуваат дека најверојатно доживеала мозочен удар.
Лигија била мајка на две момчиња на возраст од две и 11 години.
Според информациите што ги сподели нејзиното семејство, ТВ-репортерката починала на 31 мај.
Во интервјуто кое го дала пред неколку години, таа изјавила дека размислувала да направи некои ситни зафати, но партнерот ја убедил да направи нешто многу поголемо.
Џорџ Оливеира, братот на починатата инфлуенсерка, се огласи по смртта на сестрата на социјалните мрежи.
„Момци, за жал, нашата воинка почина. Ви благодарам уште еднаш на сите за поддршката“, напиша Оливеира.
Џорџ Оливеира за смртта на својата сестра ги обвини постојаните притисоци со кои се соочувала по она што почна да го прави на телевизиските мрежи.
„Влезе во многу токсично опкружување кое бара совршенство. Се обиде да се прилагоди на бараниот естетски стандард. Го оперираше носот и почна други третмани, но не разговараше со нас за тоа“, рече братот на починатата инфлуенсерка, како што пренесуваат локалните медиуми и откри детали од нејзината смрт:
„Првото поткревање на нејзиниот задник ѝ го направи лекар кои меѓутоа одби да ѝ нанесе дополнителен силикон како што му го бараше тоа втор пат. Потоа побара услуги од човек кој ѝ вбризга инјекција во домот на пријател“, раскажа братот кој опиша како таа, промените кои ги забележувало нејзиното семејство, а се однесувале на нејзиниот изглед, таа ги припишувала на новите фитнер режими.
Фазио имаше проблем со силиконите во 2021 година кога помина повеќе од 100 дена во болница додека лекарите ѝ го отстрануваа силиконот кој се прошири по нејзиното тело.
„Можевме да забележиме дека не ѝ е добро, меѓутоа, не беше негативна личност, секогаш го гледаше доброто кај секого. Дурии и кога дојде до комплкаци поради силиконите и ПММА виде дека не може да се исвлече од тоа. Сфати дека тоа би можела да биде нејзината мисија“, раскажа Оливеира за локалните медиуми.
Бразилската инфлуенсерка имаше седум операции по првата операција за подигање на задникот.
„Земаше многу кортикостероиди. Имаше хиперкалцемија и ги преоптовари бубрезите. Мораше на дијализа“, откри братот на атрактиванта Бразилка.
На Лигија Фазио ѝ е дијагностициран и габичен ендокардитис и лекарите веруваат дека бактеријата можеби се проширила на мозокот и го предизвикала мозочниот удар. Досега немаше апсења за одговорни за смртта на инфлуенсерката.