Градежните работи го предизвикале пожарот во Нотр Дам?

by Тони Зографски

Париското Обвинителство почна истрага за пожарот  во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз. Неофицијално се претпоставува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.

Стручњаците сметаат дека човечкиот фактор е најверојатно причина за пожарот бидејќи реновирањето на катедралата била во тек.

“ Поголем дел од катедралата е изградена од дрво така да пожарот не можеше да се контролира. Многу е веројатно дека невниманието при работата ја предизвикала катстрофата, но не e исклучено пожарот да бил и подметнат“ изјави еден од гостите во емисијата на СНН.

И “Њујорк Пост“ објави статија во која тврди дека пожарот е предизвикан од реновирањето на катедралата. Истиот сомнеж го имаат и највисоките француски званици.

Инаку, во соопштението на париската полиција се потенцира дека пожарот избувнал во делот од катедралата каде се извршувале градежни работи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com