Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Според извештајот од Регистарот на цени и закупнини, што го објавува Агенцијата за катастар на недвижности во овој квартал најголема постигната цена на стан по метар квадратен е од 182.404 денари, односно во висина од 246.171 евра за вкупна површина од 83 квадратни метри кој се наоѓа во општина Центар.
Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот има во општина Аеродром, односно во овој квартал се продадени 304 станови, додека, пак, најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, каде што во овој квартал се продадени 91 куќa.
Најмногу продажби на деловен простор се забележани на територијата на општина Центар каде што се продадени 31 деловнa просториja. Најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми се продадени во општина Куманово со 110 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Ѓорче Петров со 43 продажби.
Во овој квартал се регистрирани и продажби на 194 гаражи, и тоа во поголем број општини.
