Првиот домашен тест за коронавирус за кој не е потребен рецепт наскоро ќе се најде во продажба во САД по цена од 30 долари, бидејќи неговата употреба е одобрена од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).
Стивен Хан, директорот на таа администрација, најави дека на тој начин е можно тестот да се продава во аптеките.
– Таму, пациентот може да ги купи, да се тестира и да го добие резултатот по 20 минути – изјави Хан, пренесува „Гласот на Америка“.
Првичните залихи од овој вид тест ќе бидат ограничени. Австралискиот производител Елум објави дека очекува да има на располагање три милиони тестови во декември пред да го зголеми производството во првата половина на 2021 година.
Портпарол на компанијата изјави дека тестот ќе чини околу 30 долари и може да се купи во аптеките или да се нарача преку Интернет.
Комплетот се состои од стапче за брис од нос, хемиски раствор и тест лента. Го детектира протеинот на вирусот произведен од Ковид 19 – што е различно од оние што бараат генетски материјали на вирусот.
Дигитално се поврзува со апликација за паметен телефон што го прикажува резултатот и помага при негово толкување. Исто така, преку апликацијата, можно е да се поврзете со здравствен работник.