Бред Пит имал „непредвидливо“ однесување за време на снимањето на филмот „Легендите на есента“ („Legends of the Fall“) од 1994 година, во режија на Едвард Цвик.
Во извадок од неговите нови мемоари „Хитови, падови и останати илузии: Моите четириесет години во Холивуд“ („Hits, Flops, and Other Illusions: My Fortysomething Years in Hollywood“), 71-годишниот Цвик зборува за неговата нестабилна врска со холивудската икона.
Според извадокот објавен од „Венити фер“, режисерот напишал дека Пит „бил немирен и непредвидлив“ и дека „станувал нервозен секогаш кога ќе треба да сними сцена која бара од него да покаже длабоки емоции“.
Портпаролот на Пит одби да ги искоментира тврдењата за „Дејли мејл“.

На Пит му беше доделена улогата на Тристан Ладлоу откако Том Круз се откажа од неа, иако неговиот агент, наводно, му се јавил на Цвик по првиот состанок и му открил дека „Бред сака да се откаже“. На крајот, продуцентот Маршал Херсковиц го убедил да остане.
„Тоа беше првиот показател за некои подлабоки извори на емоции кај Бред. На почетокот изгледаше лежерно, но можеше да го промени своето однесување кога беше возбуден, што го забележав повеќе од еднаш кога почнавме да снимаме и кога сфативме како работиме двајцата“, напиша Цвик.
„Понекогаш, без разлика колку сте искусен или чувствителен како режисер, работите едноставно не функционираат. Така, неговите идеи за Тристан беа различни од моите“, додаде тој.
„Бред порасна опкружен со мажи кои ги контролираа своите емоции. Верував дека поентата на ‘Легендата на есента’ е дека животот на човекот е збир од неговите таги… Сепак, колку повеќе го туркав Бред да се соголи, толку повеќе тој покажуваше отпор. Па, јас продолжив да го туркам, а тој ме турна назад“, рече тој.

Тој се присети на времето кога му дал инструкции на Пит пред филмската екипа, што тој го нарекол „глупава, срамна провокација“. Потоа, според зборовите на режисерот, тој му рекол „да се повлече“.
Се чувствував тврдоглаво упорен и не сакав да попуштам. Му бев лут на Бред затоа што не веруваше во мојата способност да верувам во неговата изведба, а ми пречеше неговата неподготвеност по првата средба на снимање“, се вели во мемоарите.
Според Цвик, Бред „не планирал да се откаже без борба“.
„Во негова одбрана, го туркав да направи нешто што смета дека е погрешно за ликот или да биде поемотивен отколку што сакаше да делува на екранот“, призна режисерот.

Потоа детално го опишал моментот во кој, наводно, викале, пцуеле и си фрлале столчиња.
„Конечно, филмската екипа се навикна на нашите несогласувања, па тие си заминуваа и ни дозволуваа сами да се справиме со работата“, објасни тој.
Цвик пишува дека многу лесно се лутеле еден на друг, но и дека многу лесно се смирувале. Режисерот го опиша Бред како „чесна и директна личност со која е забавно да се поминува време“, а исто така истакна и дека бил многу „посветен“.
Кога филмот бил завршен и Цвик ја споделил финалната верзија со актерот, режисерот пишува дека Пит „не бил задоволен и чувствувал дека ја потценил лудоста на неговиот лик“.