Редовно го изневерувам сопругот, му се допаѓа: Инфлуенсерка ужива додека мажот ја гледа (ФОТО)

by Тони Зографски

Карол Суза (38) вели дека ја има сета поддршка од сопругот да го изневерува и да спие со други мажи.

– Јас сум убава жена, сингл мажи запознавам преку „Инстаграм“ и тоа му се допаѓа на мојот сопруг – вели инфлуенсерката која постојано објавува жешки фотографии на оваа мрежа. Таа е многу активна и на бразилска мрежа слична на „OnlyFans“.

Карол открива како тоа функционира и зошто решила да се отвори за нејзината врска на овој начин, со надеж дека ќе ги охрабри другите да уживаат во сексуалната слобода.

– Започна од љубопитност и двајцата навистина уживавме – изјави Керол за „NeedToKnow“.

„Оттогаш истражуваме и си ги исполнуваме желбите“, изјави инфлуенсерката.

– Поголемиот дел од времето Рафаел учествува така што ме снима, но понекогаш сме само ние, јас и мојот љубовник, останува интимно – објаснува таа.

Таа додава и дека неодамна имала желба сама да запознае сингл момци и дека тоа било неверојатно.

За Керол, која доаѓа од Бразил, не се работи толку за секс со други луѓе колку за чувство на слобода – нешто што таа го смета за исклучително важно.

Парот, кој неодамна се венчал, но се заедно осум години, се соочил со низа критики од другите, но тврдат дека нивната врска е посилна од кога било.

Исто така, признаваат дека на почетокот имало љубомора.

– Бидејќи тоа беше нешто ново, Рафаел почувствува извесна љубомора, но неговата желба сепак преовлада – рече таа.

Таа рече дека тоа е нешто што се случува со почит и дијалог.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com