Oткако земјата се реши да отвори преку 500 плажи денеска голем дел од Грците заминаа на грчкото крајбрежје.
На популарната плажа Алимос на југот од Грција во близината на Атина, луѓе од рано утро чекаа во ред за да отидат на плажа.
За многумина тоа беше прво излегување на јавно место после два месеци „карантин“, а се поклопи со првиот топлотен бран викендов, пренесува „Ројтерс“.
Од граѓаните се бара да ги почитуваат мерките, а определено им е растојание кое мора да го почитуваат.
Најмногу 40 лица може да престојуваат во 1.000 метри квадратни, а чадорите мора да бидат најмалку четири метри оддалечени еден од друг. Речиси на секоја отворна плажа има лица кои го контролираат почитувањето на мерките.
Гужвата на една од грчките плажи може да се види на овој линк: