Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 20.05 до 22.05.2022):
Направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 95, Битола – 18, Охрид – 8, Куманово и Штип – по 5, Прилеп и Тетово – по 3, Кичево, Свети Николе и Делчево – по 2, Кавадарци, Велес, Кочани, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 17 реинфекции.
Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Битола – 27, Прилеп – 7, Берово – 6, Охрид – 5, Куманово, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 3, Кичево, Гостивар и Ресен – по 2, Свети Николе, Велес, Гевгелија, Неготино и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 20.05 до 22.05.2022) и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.