Лек против вошки во лабораториски услови го убива вирусот Ковид-19, откриле австралиски научници. Станува збор за лекот „Ивермектин“ кој со години наназад се користи за третман против вошки и шуга, а достапен е како апче, лосион или шампон.
Сепак, австралиските здравствени власти предупредуваат да не се користи, бидејќи несоодвена употреба може да доведе до труење.
-Нема причина да купувате третман против вошки освен ако не го користите во косата на вашите деца. Само сакам да го истакнам тоа затоа што сме слушнале за луѓе во странство кои слушнале за потенцијален развој и потоа конзумирале лекови што се користеле целосно на несоодветен начин и истите потоа починале. Не сакам да видам луѓе што брзаат кон нивните аптеки или нивните супермаркети сега купуваат третмани со вошки затоа што научниците се задолжени за целосно испитување на овој потенцијален лек, вели австралиската министерка за здравство, Џени Микакос.
Истражувачот од Институтот за биомедицина Монаш, Кајли Вагстаф, кој ја водеше студијата Ивермектин, рече дека тимот е „претпазлив оптимист“ за потенцијалот на лекот.
Таа вели: „Она што е најважно сега е дали овие безбедни дози, ќе функционираат и кај луѓето за да бидат ефикасни врз вирусот“.
Инаку, Ивермектин широко се користи од 1980 за лечење вошки, шуга и некои други инфекции предизвикани од паразити. Лекот се користи и за лечење на болести на кожата.