Назалната вакцина ќе биде едно од најголемите откритија кое што се случило во областа на модерната медицина.
Назалната вакцина против Ковид-19 треба да биде пуштена на испитување, откако истата била одобрена од британската независна регулаторна Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA).
„Станува збор за првата фаза, меѓутоа, како што видовме, првата фаза може да премине на трета за само неколу месеци во овој нов свет за брз развој на вакцини“, истакнува извршниот директор на компанијата „Open Orphan“, Катал Фриел
„Британија е светски лидер во тестирање на вакцините и никој не го прави тоа толку добро како што го правиме ние. Навистина е возбудливо затоа што ова би можело да значи и нова генерација на вакцини кои што се даваат интерназално (низ нос), а се уфрла само жив, мал дел од вирусот“, додава тој.
„Covi-Vak“ е една од ретките вакцини која што користи, жив, но ослабнат вирус за разлика од поголемиот дел на другите вакцини кои што содржат само вирусни протеини.
Интересно е тоа што станува збор за вакцина без игла и се прима само една доза од истата.
Од компанијата велат дека вакцината може да шири имунитет на антитела, клетки и слузокожа со само една поединечна доза и може да биде една од првите вакцини во светот која што дава долгорочен имунитет на Ковид-19.
Се очекува тестирањето на истата да започне во месец јануари 2021. година.
„Доколку оваа вакцина биде одобрена кон крајот на наредната година, сè ќе биде многу полесно. Замислете колу е едноставно да купите вакцина и да ја ставите во вашиот нос, без инјекции и несакани реакции“, истакнал Фриел.