Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ја изненади јавноста на Фејсбук со свој статус каде тврди и докажува како поскапувањето на струјата ќе изнесува најмалку 17,3 отсто, наместо најавените 9,48 отсто. Еве што напиша тој:
Од 168 часа неделно (по претпоставка дека еднакво трошиме струја во сите 168 часа):
– за 156 часа зголемувањето ќе е 9,48 %– за 12 часа (досегашната евтина денска тарифа во 6 дена) зголемувањето ќе е 118,96 %
Вкупното покачување ќе 17,3 %…П.С. Главна причина на покачување на струјата во Македонија е преполовеното домашно производство на електрична енергија споредено оваа година со периодот пред 10 години…
П.П.С. Реалната цена на струјата и вака нема целосно директно да ја доплаќаме со сметките. Индиректното доплаќање ќе го правиме со даночни пари собрани од граѓаните, а платени од Буџетот кои ќе изнесуваат најмалку уште дополнителни 100 милиони евра следната година, но ќе имаме помалку пари за нови патишта, болници, училишта…
П.П.С. Стапката на ДДВ за електрична енергија за 6 месеци од денес ќе се зголеми од 5% на 10%, со што дополнително ќе се зголемат сметките на граѓаните…