На интернет се појави симпатично видео од шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани како ѝ мавта на бразилска навивачка која во тој момент ја снима ложата, а целиот момент го следела и една од неговите сопруги, Моза бин Насер.
Снимката стана хит на социјалните мрежи, а сите ја коментираат реакцијата на сопругата на шеикот.На Моза бин Насер не ѝ се допаднало кокетирањето со навивачката, па му упатила строг поглед на сопругот.
„Мислам дека нема да биде волку насмеан кога ќе дојде дома“, „Погледнете го нејзиното лице, не е добро“, „Се чини дека е љубоморна“, гласат дел од коментарите под објавата.