Додека поголем дел од славните личности секојдневно се експонираат во јавноста, актерот којшто е номиниран за Оскар и актерката која поради семејството се повлекла од актерството, уживаат во интимата.
Вистинска реткост е да се видат канадскиот актер Рајан Гослинг и американско-кубанската актерка Ева Мендес заедно во јавноста, а доколку и нивните ќерки се со нив тогаш тоа е нешто најдобро што може да се случи за папарацо фотографите.
Популарниот актер којшто пред неколку дена беше номиниран за Оскар за својата улога Кен во филмот „Барби“, со години е во брак со колешката Ева Мендес.
Тие важат за мистериозен пар што не е познато ни кога го изговориле судбоносното „да“.
Тие вчера биле забележани во Санта Барбара со ќерките Есмералда Амад и Аманда Ли, а постојано биле опуштени и се бакнувале.
Ева Мендес и Рајан Гослинг за номинациите за Оскар
Изминативе денови парот бил во центар на внимание во јавноста затоа што режисерката на „Барби“ Грета Гервиг и Марго Роби не се номинирани за Оскар, а Гослинг не криел колку е разочаран.
„Никакво признание не беше возможно на овој филм без нивниот талент, храброст и генијалност. Зборовите дека сум разочаран што не се номинирани во своите категории би биле потценување. Нивната работа треба да биде овековечена со признание заедно со останатите многу заслужни кандидати“, изјавил Гослинг.