Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација. Многу поверојатно е дека е тоа алгоритам (компјутерски код – софтвер) кој “излегол од контрола”. Во таков случај не може да бараме човек, не може да бараме компјутер, не може да бараме IP адреса. Треба да бараме алгоритам (софтвер), пишува во својот редовен викенд допис до медиумите Гради Рашковски – поранешен Генерален секретар на Влада и обвинет во случајот „Софтвери“.
„За да биде посликовито одјаснето. Кога се појави корона вирусот, таргет беше да се лоцира изворот на истиот. Па се отиде до тоа да се наведува и името и презимето на “човекот кој го изеде лилјакот”. Кога вирусот се рашири, веќе не беше важно “кој е првиот, туку како да не станеме следниот”. Колку и да сакаме да персонализираме испраќач на дојавите за бомби сепак поизвесно е дека е тоа компјутерски генериран алгоритам кој “кружи”.
Имаме ли досега поставено “генетика” на алгоритмот? Не треба да бараме профил на личност, туку генетика на алгоритмот. Како тој ги определува школите? Како знае кога е распуст, кога има часови.
Уште една паралела со корона вирусот. Лекувањњето од корона на почетокот одеше отежнато од причина што не се знаеше точно на што вирусот реагира. Времето покажа дека многу терапии, како инванзивната филтрација со респиратори е погрешна. Така и со дојавите на бомби. Ги предизвикал ли до сега некој овие мејлови?
На пример:
Со креирање на неколку веб страни на училишта, кои училишта вистински не постојат, но се доволно автентични за да “алгоритмот загризе”. Нешто како лажна рипка за ловење на риби, или како што во спортот го одомаќинивме терминот “лажен цепелин”. Па доколку стаса маил и на фиктивното училиште, веќе сме почнале да навлегуваме во генезата на проблемот.
Ова е само почетна идеја. Има многу “итроштини” за тоа како да дојдете до некои сознанија. Несомнена е заложбата и брзата интервенција на припадниците на МВР, кои верувам дека и се преморени од овие активности кои доведуваат до слабеење на безбедносниот систем, но решението можеби треба да го бараме во римската максима “Vis kon vi repulit” или “Силата со сила се победува”, односно македонската “Од што е болката, од тоа е лекот”. Како што врвни научници создадоа векцина за корона вирусот, така постојат и врвни информатиари…
Она што треба да не плаши е што ако секој од нас, преку својот смарт уред почне да станува испраќач на вакви дојави без да знае? Нешто слично како во време на корона кризата кога многу од нас немаа симптоми на корона, а сепак пренесуваа. Наеднаш би можело да се доведеме во ситуација на тотално лудило. Нашиот телефон да биде регистриран како испраќач, а ние за тоа воопшто да не сме свесни. Што тогаш? Ќе ги наполниме притворите како што ги наполнивме болниците?
Тука доаѓаме до друг момент кој мора да го превенираме. Правна подготовка на обвинителствата за едно вакво сценарио. Како што билниците се спремаат за бранови на корона.
Затоа што не може на обвинител од видот на Ивана Трајчева, која гони организиран криминал да и објасните што е тоа алгоритам кога неколку рочишта по ред го убедува судот дека PDF документ е исто што и форензичка копија? Тоа е исто како да убедувате некој дека лист хартија е исто што и книгата Ана Каренина.
Не може со таков обвинител кој доставува докази креирани на компјутер кој ги носи неговите иницијали и институцијата во која работи (името на компјутерот е ojo gokk IT) кои ги пишувал во Microsoft Word и сакал да се “попрофесионали” па ги прикачил на веб сајт www.ilovepdf.com за да ги конвертира во pdf… од таков обвинител да очекувате дека квалитетно ќе се бори против сајбер криминал.
Има во обвинителството многу стручни обвинители. Мора да се направи посебен оддел од нив кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Зашто на крајот на денот, ти се тие кои можат и смеат да поведат кривична постапка за ваков тип на криминал. Има такви обвинители затоа што сум сретнал и запознал.
Но, не може да се повикуваме на НАТО безбедносни процедури кога имате во судска постапка извештај од полициски службеник Наде Карева Глигоровска која во рамки на ОЈО ГОКК прекршиле 10тина НАТО процедури за дигитална форензика.
Компјутерските вируси, како и билолошките, ги напаѓаат сите, но слабите организми немаат одбранбен механизам за тоа и потклекнуваат. За разлика од биолошките, копјутерските вируси се многу повештачкоинтелигентни. Тие знаат да ја оценат техничката спремност, но и правната спремност на една држава за да се одбрани од нив.
Со www.iLovePDF.com не се заплашува алгоритам?“, додава Рашковски.