Владата во Венецуела и соопшти дека е протеран германскиот амбасадор поради мешање во внатрешните работи на земјата. Амбасадорот Даниел Кренер има 48 часа за да ја напушти Венецуела , поради обвинение за кршење на меѓународните дипломатски норми.
Пред два дена откако амбасадорот Кренер го пречека самопрогласениот амбасадор Хуан Гваидо на аеродромот во Каракас на враќање од Колумбија, владата на Венецуела и претседателот Николас Мадуро го протераа од земјата.
,, Венецуела смета дека е неприфатливо странски дипломат на нејзина тероторија да презема јавна улога блиска до политички лидер , кој ја поддржува конспиративната агенда на екстремистичките сегменит на опозицијата во земјата.” , се наведува во владиното соопштение.