Жена која пораснала во заедница на Амиши со 18 браќа и сестри, открила дека не се шишала или туширала 19 години. Лизи Енс (38) пораснала во строга заедница на Амиши опкружена со нејзините браќа и сестри, но секогаш се чувствувала како да не припаѓа таму.
Немала струја, вода, морала сама да си ја шие облеката и не смеела да ја потстриже косата. Лизи заминала на 19 години кога нејзиното тогашно момче, од друга заедница на Амиши, побегнало и ѝ помогнало да го стори истото, пишува „Мирор“.
Заминала со само 20 долари и се вработила како перачка на садови за да може да се интегрира во современото општество. Нејзиниот живот сега е сосема поинаков и таа мисли дека нејзиниот начин на живот кога растела бил луд.
Лизи, денес лекар за функционална исхрана од Феникс, изјавила: „Немавме струја или вода. Немавме тушеви. Никогаш не се шишав пред да заминам – тоа беше надреално. Уште од мали нозе знаев дека нема да бидам таму до крајот на животот. Знаев дека не припаѓам“.
Лизи е една од трите групи близнаци во нејзиното семејство со 19 деца – најстарото сега има 47, а најмладото 25. Таа рече: „Имавме ривалство меѓу браќата и сестрите, но генерално бевме блиски. Секое утро за појадок готвевме за 20 луѓе. Ти готвиш за војска три пати на ден“.
Од петгодишна возраст, Лизи се занимавала со домашни работи, чистела и молзела крави.
„Од мали нозе сме научени како да работиме напорно. Самите одгледувавме овошје и зеленчук и имавме животни за месо“. Лизи зборувала дека нејзината заедница е многу строга и контролира што носи. Таа додала: „Моравме сами да си направиме фустани, а тие мораа да ни се спуштат до глуждовите. Косата мораше да ни биде покриена и не можеше да се скрати“, рече таа.
Немале тоалети, па наместо тоа морале да одат во помошните згради за да користат тоалет и да користат весници или списанија наместо тоалетна хартија.
„Немавме внатрешен водовод, па немавме тушеви. Се истуширав за прв пат откако заминав“, зборувала Лизи.
Како тинејџерка, Лизи почнала да ги преиспитува правилата на нејзината заедница. Таа изјавила: „Од моите млади тинејџерски години обрнував внимаие на работите што се случуваат во надворешниот свет. Многу испитував. Мажите ги смислуваа правилата, а жените мораа да им се придржуваат. Не можев да ја прифатам таа хиреархија.“
Лизи се забавувала со момче од друга заедница на Амиши кога од него добила писмо во кое пишувало дека побегнал. Тој ѝ рекол дека може да ја земе таа вечер, доколку сака и таа да побегне. Заминала во собата и оставила белешка пред да се качи на покривот и „скокнала кон својата слобода“. „Седев на покривот и размислував како ќе скокнам“, се присетила таа, „Скокав кон мојата слобода и судбина. Скокнав и побегнав“.
Лизи успеала да се поврзе со поранешен амишки пар кој ѝ дозволил да остане со нив, а и помогнале да добие и број од социјалното осигурување како би можела да најде работа. Лизи со себе имала 20 долари кои ги искористила за својата брва облека и фризура. Додала: „Ја отсеков косата порад бунт. Тоа беше огромен културолошки шок. Морате да се одучите од низа работи. Таа деконструкција на она што сте го правеле сиот живот не исчезнува само така.
Лизи одлучила да го „прегрне“ своето патување и се вработила како перачка на садови пред да стане персонален тренер, за потоа да се префрли на холистичката медицина и да започне сопствен бизнис.
Тројца од браќата и сестрите на Лизи, исто така, заминале, но таа со години не разговара со семејството. Изјавила дека не сака да се враќа во своето минато: „Го прифаќам мојот живот. Мојот живот е многу поинаков. Кога гледам наназад, сфаќам дека тоа е лудо.“