Втората шампионска титула на ракометарите на Вардар ги збудале навивачите, кои посакуваат да имаат дрес од новиот европски првак.
Сепак од „црвено-црниот“ тим објавија дека сите дресови се распродадени, па оние што не набавиле од оваа тура, ќе почекаат некоја следна шанса.
Оние кои се нестрпливи и веднаш сакаат дрес од Вардар, можат да го купат моделот со кој „црвено-црните“ херои настапуваа во текот на целата сезона.
Интересно е што Вардар новиот дрес го претстави непосредно пред патувањето на фајнал-фор турнирот кој се играше на 1. и 2. јули, а веќе два дена подоцна истиот го немаше на залиха во фан шопот на новиот европски првак, што сигурно е рекорд кога станува збор за дресови на еден македонски спортски колектив.