Актерот Метју Меконахи често романтично го поврзувале со актерките со кои снимал филмови.
Така одредено време тој се гледал со актерките Ешли Џад и Сандра Булок со кои соработувал во филмот „Време за убивање“.
Подоцна додека го снимал филмот „Сахара“, актерот запловил во љубовна врска со шпанската актерка Пенелопе Круз.
Тие двајца својата романса ја започнале во 2005 година, а откако завршило снимањето на филмот, и двајцата тргнале на пат во Мексико со камперот на Метју.
Така потврдиле дека можат да „преживеат“ како пар и во мал простор каков што нуди камперот.
„Постоеше мала бариера, но тоа е како поезијата кога ќе се случи. Тоа што навистина го сакам кај неа е тоа што сѐ гледа како првпат, секојпат. Таа е еден од најдобрите слушатели кои сум ги сретнал“, изјавил Метју во 2014 година додека ја пишувал биографијата.
За нивната врска малку се знае, но секако дека истата била и краткотрајна.
Тие двајца раскинале во 2006 година наводно поради тоа што биле премногу зафатени со работата.
Меѓутоа, како што Метју раскажал за медиумите, таа истата година додека бил со Пенелопе, првпат во бар во западен Холивуд ја видел бразилската манекенка Камила Алвеш, својата идна сопруга.
И повеќе не можел да помисли да биде со некоја друга, па ја раскинал врската со Пенелопе.
Актерот своевремено за „People“ раскажал како поминала нивната прва средба:
„Очите ќе ми излезеа и се сеќавам што кажав. Не кажав: Која е таа?, туку: Што е таа? Додека се обидував да ѝ го привлечам вниманието, размислував: Ова не е жена која ја доживуваш секој ден. Стани и оди кај неа, а тоа и го направив“, раскажал Метју во една прилика.
Три вечери подоцна тие отишле на нивниот прв љубовен состанок, а останатото е историја. Метју и Камила се венчале во 2012 година и имаат три деца.
Од друга страна и Пенелопе ја нашла љубовта на својот живот, а таа во 2010 година се венчала за актерот Хавиер Бардем.