Пејачот Хари Стајлс (28) и актерката Оливија Вајлд (38) раскинаа по две години врска.
Според магазинот „Пипл“, пејачот и актерката „одморуваат бидејќи имаат различни приоритети кои ги раздвојуваат“.
– Се уште е на турнеја и сега заминува во странство. Таа, од друга страна, е фокусирана на своите деца и нејзината работа во ЛА. Тоа беше многу пријателска одлука. Тие се уште се многу блиски пријатели“, изјави извор за People.
– Јавен притисок падна тешко врз нив. Имаа подеми и падови во текот на нивната врска – рекол изворот.
Оливија ја изненади јавноста кога ја раскина долгогодишната свршувачка со актерот и продуцент Џејсон Судеикис (45), парот има две деца заедно, синот Отис (7) и ќерката Дејзи (4).
Од почетокот на врската меѓу Оливија Вајлд и Хери Стајлс се зборува дека се започнало така што таа го изневерила својот сопруг со кој поминала една деценија, што актерот и режисерката го демантирале.
Таа тврдела дека Судејкис и таа раскинале пред почетокот на снимањето на филмот „Don’t Worry Darling“ на чиј сет го запознала Хери. Сепак, не се сите убедени во тоа, но на Оливија некако не ѝ е гајле за тоа.
„Очигледно навистина е примамливо да се поправи лажниот наратив“, вели таа. „Но, мислам дека кога навистина сте среќни сфаќате дека не е важно што мислат за вас другите. Сè што ви е важно е тоа што е реално, што сакате и кого го сакате“.