Поранешната најплатена манекенка во светот, Наоми Кембел, доживеала непријатно искуство на аеродромот во Софија, Бугарија. Имено, познатата манекенка била замолена од вработена да тргне на страна за да ја прегледа одделно.
Наоми престојувала во Бугарија поради модните снимања, а смета дека причината за нејзиното издвојување е расизмот. Странските медиуми цитираат извор кој вели дека Наоми била многу вознемирена кога се случил немилиот инцидент.
Манекенката подоцна била видена како го напушта аеродромот пред да ја однесат со автомобил во луксузен хотел во Софија.
„Беше многу вознемирена. Целиот инцидент многу ја вознемири. Се радуваше на возбудливото снимање во Софија, но немилиот настан ја засени таа работа”, рекол еден од нејзините пријатели.
Расното профилирање се однесува на сомнеж, таргетирање или дискриминација на лице врз основа на неговата/нејзината етничка припадност, религија или национално потекло, а во последниве години се користи во случаи на стереотипни претпоставки поради бојата на кожата на лицето.
Наоми Кембел веќе имала непријатно искуство на аеродромот Хитроу кога била спроведена од аеродромот со лисици по жестоката расправија со полицијата. Тогаш кружеше верзија на приказната за тоа дека познатата манекенка се налутила кога член на кабинскиот екипаж и рекол дека нејзината чанта не е спакувана во авионот бидејќи е претешка.