22-годишниот тиктокер и рапер Зеди Вил стана хит на социјалните мрежи откако објави дека чека пет деца со пет сопруги.
Неодамна организирал бебешка забава за своите пет бремени партнерки во Квинс. Зеди позира со трудниците, а една од нив ги сподели фотографиите на Инстаграм. Таа откри дека петте идни мајки – Ешли, Бони Б, Кеј Мери, Џејлин Вила и Ијанла Калифа Галети се спријателите.
„Подобро е за децата да растеме како едно големо семејство. Го сакаме татко им, нема да ги уништиме животите на нашите бебиња. Нашите семејства ја прифатија оваа ситуација“, истакнала таа.
Менаџерот на Вилоу ја коментирал оваа необична ситуација за Њујорк Пост. Тој рече дека верува оти музичарот е доволно зрел за да одгледа пет деца. „Општеството е променето. Поентата е лично да се редефинираат односите, да се оттргне од фактот дека еден начин е прифатлив за секого и да се тргне од општествените притисоци за прилагодување“, додаде тој.
Многумина се пошегуваа на социјалните мрежи дека Зеди сигурно добил совети од комичарот Ник Кенон, кој доби 12 деца со шест различни жени.