Нашиот ракометен репрезентативец Филип Талески направи свадба. Филип уште пред една година ја круниса својата љубов со својата својата сопруга Ена, минатата година во истиот период се регистрираа, а потоа ја добија ќеркичката Софија. Но, поради обврски, за веселбата мораше да се почека, па истата ја имаа викендов.
Филип и Ена ги собраа најблиските на свадба, а на истата гости беа и капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров и репрезентативецот Филип Кузмановски, кој во саботата ја побара својата девојка за сопруга.
извор: 24 ракомет.мк