Екипата на Вардар 1961 ги дозна ривалите за новата сезона во Лигата на шампионите.
Актуелниот европски шампион се најде во групата А каде за ривали ќе ги има ПСЖ кој беше во првиот шешер, тука се старите добри познаници Кјелце, Пик Сегед и Мешков Брест, како и Порто од Португалија, Елверум од Норвешка и бундеслигашот Флензбург.
На другата страна, групата Б ќе видиме соочувања на Дејан Манасков и Кире лазаров, односно освен Веспрем и Нант тука се Барселона, Кил, Алборг, Мотор Запорожје, Целје и ППД Загреб.
Групната фаза започнува на 16/17 септември, додека ќе заврши на 3/4 март.