За сторена крупна професионална грешка, Судскиот совет на затворена седница денеска ја разрешил од функцијата судијката од Основниот суд Велес Наташа Мишева.Постапка за утврдување одговорност има и за судиите Наќе Георгиев од Врховен суд и Светлана Јованова. Пред Судскиот совет се најде и постапка за утврдување на одговорност кај Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд во Скопје, но оваа постапката е запрена.
Во случајот на велешката судијка, мнозинството членови гласале за разрешување. Судијката е разрешена според член 76 став 1 точка 7 од Законот за судовите, велат од Судскиот совет.
Според овој член, основа за разрешување на судија е нестручно и несовесно вршење на судиската функција, што влијае на квалитетот и ажурноста во работењето на судијата.
Детали за конкретните причини за разрешувањето на судијката не се откриваат.
Инаку, Наташа Мишева е избрана за судијка во 2011 година, а работи на граѓански предмети.