Британски музичар Елтон Џон (72) го прекина концертот во Нов Зеланд откако го изгуби гласот. Нему му “пукна“ гласот на пола концерт во склоп на својата опростувачка турнеја „Yellow Brick Road“, откако паднал на главирот и започнал да плаче.
„Штотуку потполно го изгубив гласот. Не можам да пеам. Морам да идам. Жал ми е“, рекол видно потресениот Елтон, рекол пејачот во моментот кога се подготвувал да го отпее својот хит “Даниел“.
-Свирев и пеев се додека гласот не ме издаде. Разочаран сум, загрижен и тажен, – напиша Елтон Џон на Инстаграм
Публиката музичарот го испрати со овации, додека со помошта на неколку асистенти, тој ја напушти сцената во Окланд.
Инаку, на Елтон Џон претходно му е дијагностицирано така нареченото движечко воспаление на белите дробови, што преставува инфекција која најчесто е предизвикана од бактерии или вируси.
https://www.instagram.com/p/B8n268KD7fD/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://twitter.com/i/status/1228957400113111040