Најмалку 300 луѓе загинаа, а над 150 се повредени по силниот земјотрес што синоќа го погоди централно Мароко, во околината на главниот град Маракеш. Земјотресот со јачина од 6,8 рихтерови степени го стресе Маракеш и околните планини во 23 часот по локално време. 19 минути подоцна се почувствувал уште еден силен афтер шок, што натера стотици луѓе панично да истрчаат на улиците од градот, но и во другите околни градови.
BREAKING: Hundreds of people killed after a powerful 6.8 magnitude earthquake hit Morocco overnight – the strongest in 123 years.
The epicenter was in the High Atlas mountains, about 72km southwest of Marrakech. Our latest reporting on CNN pic.twitter.com/r8N9GyGV4l
— Larry Madowo (@LarryMadowo) September 9, 2023
Според властите, најмногу од загинатите се во тешко достапните планински села. Урнати се куќи. Се претпоставува дека под урнатините има затрупано луѓе, поради што се очекува бројката на загинати да расте. Се стравува дека меѓу затрупаните има туристи.
Devastante #terremoto del 7° della scala Richter, in #Marocco durante la notte. L'epicentro, sarebbe a circa 30 km da #Marrakech… La scossa l'hanno avvertita anche in #Spagna e Portogallo… Attualmente i morti sarebbero circa 300… pic.twitter.com/McS9MIhyiE
— Scala-la-vetta ⛰️ (@IosonoScala) September 9, 2023